Политика за приватност

  • Политика за приватност и политика за колачиња

    1.I ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

    Оваа политика на приватност го уредува односот помеѓу Друштво за трговија и услуги МИ ПРЕМИУМ ШОП ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст “МИ ПРЕМИУМ ШОП”, “Контролорот”, “Компанијата” или “ние”) како Контролор и корисникот на веб страницата www.xiaomistore.mk   (во понатамошниот текст “корисникот” или “Вие”) како субјект на субјект на лични податоци. Воедно, со оваа политика на приватност, ние ја исполнуваме нашата обврска за доставување на информации, предвидена во член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.

    • Правото на приватност и заштита на личните податоци претставува наш приоритет и обврска. Секој посетител изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика на приватност.
    • Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци.
    • Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

    Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:

    1. Видови на податоци кои ние ги собираме
    2. Како ги собираме личните податоци
    3. За кои цели МИ ПРЕМИУМ ШОП ги користи податоците
    4. Како ги чуваме и колку долго ги чуваме на личните податоци:
      1. Безбедност на податоците
      2. Рок на чување на личните податоци
    5. Пренос на лични податоци
    6. Маркетинг
    7. Социјални мрежи
    8. Приватност на трети страни
    9. Кои се Вашите права во врска заштитата на личните податоци
    10. Обработувачи на лични податоци
    11. Користење на веб форма за контакт
    12. Промена на политиката за приватност
    13. Како да го контактирате МИ ПРЕМИУМ ШОП
    14. Како да ја контактирате Агенцијата за заштита на личните податоци

    1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ

    Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници — Лични податоци и Нелични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт.

    ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    Лични податоци се податоци кои идентификуваат или можат да идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на нашата веб-страница, како на пример порачување производ или друга услуга од нас на мејл, Вие внесувате Ваши лични податоци. Во зависност од активноста податоците се задолжителни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Кои видови на лични податоци ги собираме зависи од природата на Вашето барање, а меѓу другото, собираме: име и презиме, E-mail адреса, адреса на доставување на нарачката и телефон во формите поставени за контакт.
    Ние ги користиме личните податоци исклучиво за целта за која ни ги давате, имено за реализација на самата нарачка и постапување по Вашите барања. Доколку добиеме Ваша дополнителна согласност, личните податоци можеме да ги искористиме за маркетинг и промотивни цели, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

    Од информациите кои ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:

    ·        Име и презиме

    ·        e-mail адреса

    ·        Адреса за испорака на нарачката и

    ·        телефон за контакт.

     

    НЕЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    Нелични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Ние, и/или нашите овластени трети странки – бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки.

    2. КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    Вие директно ни ги давате Вашите лични податоци преку пополнување на соодветни формулари на нашата веб-страница, односно ние обработуваме исклучиво лични податоци добиени од Вас, како субјект на лични податоци.

    3. ЦЕЛИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ

    Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство, Вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која МИ ПРЕМИУМ ШОП ја има со вас.

    1. Промотивни е-маил пораки (Newsletter)
      Доколку при регистрација имате дадено согласност да бидете известувани за сите новости, актуелности и промотивни активности, тогаш на Вашата е-маил адреса ќе добивате вакви известувања. Доколку не сакате да бидете дел од вакви известувања имате можност да кликнете Unsubscribe во мејл пораката.
    2. Грижа на корисници

    Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња.

    Собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци се обработуваат со цел:

    • постапување по Вашите барања;
    • работење, одржување и подобрување на нашиот веб сајт;
    • да Ви одговараме на Ваши барања и прашања;
    • анализа и спроведување на истражувања;
    • да комуницираме и Ве информираме за дополнителни работи;
    • да Ви испраќаме известувања, актуелности и промотивни активности.

    4. КАКО ГИ ЧУВАМЕ И КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    4.1. безбедноста на податоците

    Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни технички и организациски мерки со цел да се заштити безбедноста на лични податоци.
    Вашата врска со нашиот сајт е безбедна, при што се користи TLS криптографски протокол и соодветен метод на енкрипција.

    4.2 рок на чување на личните податоци

    • Личните податоци од видео надзорот се чуваат 30 дена од снимањето видео запис во нашите трговски објекти.
    • Апликација за вработување од кандидат заедно со пропратни документи се чува сѐ до избор на кандидат за вработување на тој конкурс.
    • Личните податоци внесени со користење на “Формата за контакт” се чуваат 3 години од решавање на барањето.
    • Документите од областа на работните односи, облигационите односи, финансиско и материјално работење се чуваат согласно роковите предвидени во соодветниот Закон.
    • По истекот на роковите на чување на личните податоци, истите неповратно се уништуваат со безбедно електронско бришење, согласно политиката за начинот на бришење на документи.

    5. ПРЕНОС НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    МИ ПРЕМИУМ ШОП не врши пренос на вашите лични податоци надвор од Р. С. Македонија.

    6. МАРКЕТИНГ

    МИ ПРЕМИУМ ШОП врши директен маркетинг, на начин што на корисниците кои дале согласност, им испраќа известувања за сите новости, актуелности и промотивни активности, на нивната е-маил адреса.
    Во секое време можете да ни забраните да Ве конткатираме за цели на директен м
    аркетинг, на начин што ќе ја повлечете согласноста за директен маркетинг преку пополнување на користење на формата за GDPR Алатки.

    7. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

    Со поврзувањето на МИ ПРЕМИУМ ШОП преку можноста Месинџер чет вие се согласувате дека ни давате пермисии да вршиме интеракција со вас преку Вашиот профил на социјалната мрежа со цел да ви обезбедиме соодветна помош или совет за вашите прашања и/или дилеми.

    8. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

    Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на нашиот сајт. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

    9. ПРАВА ВО ВРСКА СО ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

    • право да добиете информации коишто се доставуваат при собирање на лични податоци
      Ова право се остварува на начин што пред да се регистрирате сте упатени да ги прочитате и да се согласите со овие правила, во кои се наведени сите потребни информации согласно член 17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци.
    • право на пристап на субјектот на личните податоци
      Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање 
      со избирање на опцијата GDPR алатки.
    • право на исправка
      Доколку сметате дека се неточни или нецелности Ваши лични податоци , за тие податоци во секое време можете да поднесете барање 
      со избирање на опцијата GDPR алатки
    • право на бришење („право да се биде заборавен“)
      Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете барање 
      со избирање на опцијата GDPR алатки
    • право на ограничување на обработката
      Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете 
      со избирање на опцијата GDPR алатки право на преносливост на податоците

    • право на приговор
      Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку 
      веб формата за контакт, да доставите барање по пошта на адреса МИ Премиум Шоп, БУЛЕВАР СВЕТИ КЛИМЕНТ 63а/-8Б ,1000 Скопје или да доставите барање по електронска пошта на е-маил адреса contact@mi.com.mk.mk
      Правото на приговор се однесува на обработка на личните податоци која е:
      • потребна за извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување на контролорот,
      • потребна за целите на легитимните интереси на контролорот или на трето лице
      • за целите на директен маркетинг, вклучително и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со директниот маркетинг
    • право да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка
      Ова право се остварува на начин што во секое време можете да поднесете приговор против обработката на Вашите лични податоци, и тоа преку веб формата за контакт,

     

    Со цел полесен пристап до давањето и повлекувањето на Вашата согласност за обработка на веб страната www.xiaomistore.mk  е додадена опцијата GDPR алатки  која ги автоматизира и олеснува остварувањето на Вашите права во однос на управувањето со Вашите лични податоци .

    10.ОБРАБОТУВАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

    МИ ПРЕМИУМ ШОП  ангажира фирма за достава со која има договор за заштита на личните податоци, и со која во контролирана средина по шифрирана врска, споделува неопходен дел од Вашите личните податоци  (име, презиме, адреса, телефонски број) за да ја осигура доставата.

    11.КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ ФОРМА ЗА КОНТАКТ

    Со цел полесна комуникација со нас, на нашата веб страница постои веб форма за контакт, при што во формата е потребно да се внесат следните податоци: име и презиме, е-маил, наслов/прашање и порака. Со клик на полето “Испрати” Вашата порака се проследува до нас, при што добивате потврда за тоа. Доколку во пораката оставате дополнителни лични податоци се смета дека сте согласни со нивната обработка и одговарате за точноста на тие податоци.

    12. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

    Политиката за приватност редовно ќе се преоценува, а по потреба менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени. Оваа политика е донесена на 01.12.2021 година.

    Промени во оваа политика се направени на:13.12.2021

    13. КАКО ДА ГО КОНТАКТИРАТЕ ДРУШТВОТО ЗА ТРГОВИЈА И УСЛУГИ МИ ПРЕМИУМ ШОП ДООЕЛ СКОПЈЕ

    За сите работи поврзани со Вашите лични податоци можете да нѐ контактирате на еден од следните начини:

    • со пополнување на  веб формата за контакт,
    • да доставите писмено барање по пошта на адреса МИ Премиум Шоп, БУЛЕВАР СВЕТИ КЛИМЕНТ 63а/-8Б ,1000 Скопје
    • да доставите барање по електронска пошта на е-маил адресата contact [at] mi [dot] com [dot] mk каде ке ги замените [at] со @, и [dot] со .

     

    14. КАКО ДА ЈА КОНТАКТИРАТЕ АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

    Агенција за заштита на личните податоци
    бул.„Гоце Делчев“ бр. 18, 1000 Скопје,
    тел:++ 389 (2)3230 635
    Е-маил: info@privacy.mk
    Web: https://dzlp.mk/

    1. II ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

    Кога прв пат ќе пристапите на веб-страницата на МИ ПРЕМИУМ ШОП  ќе добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”.

    • Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство.
    • Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач.
    • Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

    Нашата веб страница користи два вида на колачиња:

    1. колачиња што се потребни за услугата, (essential cookies) односно за веб страницата да функционира, и
    2. колачиња што не се потребни за услугата, (non essential cookies) при што овие колачиња се користат за:
      • зачувување на Вашите поставки (preference & functionality cookies)
      • статистички податоци (analytics & customization cookies),
      • маркетинг цели (advertsing (targeting) cookies)

    Колачиња што се потребни за услугата се задолжителни и се депонираат веднаш при посета на веб сајтот. За колачињата што не се потребни за услугата МИ ПРЕМИУМ ШОП Скопје обезбедува претходна согласност од корисникот откако ќе го извести, а пред да се депонира колачето. Корисникот има можност да даде согласност само за одреден вид на колачиња, при што доколку не даде согласност за одреден вид на колачиња, особено за колачињата за зачувување на Вашите поставки, одредени функционалности на нашата веб страница нема да функционираат.