Општи правила и услови

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ СТРАНАТА www.xiaomistore.mk

ОПШТИ УСЛОВИ

 

Веб страната www.xiaomistore.mk e сервис создаден за пребарување,споредување и купување на продукти од МИ ПРЕМИУМ ШОП ДООЕЛ.

Употребата на страната и правењето на трансакации се изведуваат според услови и правила на кои треба да се согласите.

Не превземаме никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал условите и правилата за користење.

Со самата посета на нашата веб страна потребне да се согласите со условите и правилата за користење наведени во овој документ.

Ако не се согласувате со условите и правилата за користење на на оваа веб страна, едноставно немојте да ја користите.

Целата содржина на оваа веб страна е интелектуална сопственост на МИ ПРЕМИУМ ШОП ДООЕЛ и/или нашите добавувчи вклучувајки, но не ограничувајки се на дизајнот, информациите, формата, сликите, изгледот и се заштитен и со авторско права и сродните права.  Можете да правите преглед, печатење единствено за лична некомерцијална  употреба.

Овие услови може да бидат изменети од наша страна на без претходна согласност од купувачот, особено доколку тоа го налагаат условите на пазаротили позитивните законски прописи. Дополнувањата или измените на овие услови ќе бидат објавени и јавно достапни на веб страната www.xiaomistore.mk

Се залагаме за точност на информациите објавени на www.xiaomistore.mk но можни се пропусти во информирањето во зависност од изворот на информациите.

Секаде каде постои соодветна терминологија на македонски јазик и не постои можност од погрешна интерпретација на информациите при превод во македонски јазик, информациите ке бидат објавени на македонски јазик.

Го задржуваме правото за објавување на информации на англиски јазик.

 

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

 

Цените за производите на  www.xiaomistore.mk се изразени во денари со вклучен данок на додадена вредност.

Го задржуваме правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците.

Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена.

Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

Го задржуваме правоте на промена на цените без претходна најава и известување. 

Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во малопродажните објекти,

Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на www.xiaomistore.mk.

Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката.

При евентуални технички проблеми со интернет страната,www.xiaomistore.mk има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

 

ПЛАЌАЊЕ

 

Плаќањето за производите и услугите купени преку веб страната www.xiaomistore.mk се извршува  со платежна картичка. Плаќањето се извршува по електронски пат преку процесинг центарот на банката со која соработуваме, во реално време на настанување на трансакцијата.

Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. За сигурноста на направените трансакции од страна на Купувачот гарантира процесинг центарот.

Се оградуваме од било каква одговорност за евенуталната штета за неовластено користење на Вашата платежна картичка доколку истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или е украдена. Во наведените случаи www.xiaomistore.mk нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.

 

ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Правилата за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата www.xiaomistore.mk се наведени во Политиката за приватност и политика за колачиња , објавена на веб страницата www.xiaomistore.mk

Политиката за приватност и колачиња не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страницатa на www.xiaomistore.mk.

Во рамките на оваа Политика за приватност и политика за колачиња се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.

Приниципите наведени во Политиката за приватност и колачиња се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на www.xiaomistore.mk, вклучувајќи ги и купувачите на производи.

Се обврзуваме да ја заштитиме приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страницата и потврдуваме дека со нив  се постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Македонија.

При посетата на web страницата , не вршиме автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на www.xiaomistore.mk..

 

ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

 

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.

 

ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

 

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.

Се согласувам во целост со условите за електронска трговија, интернет купување и плаќање.