Услови и правила за користење
Услови и правила за користење
Општи услови
Веб страната www.xiaomistore.mk сервис создаден за пребарување,споредување и купување на продукти од МИ ПРЕМИУМ ШОП ДООЕЛ.
Употребата на страната и правењето на трансакации се изведуваат според услови и правила на кои треба да се согласите.
Не превземаме никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал условите и правилата за користење.
Со самата посета на нашата веб страна потребно е да се согласите со условите и правилата за користење наведени во овој документ.
Ако не се согласувате со условите и правилата за користење на на оваа веб страна, едноставно немојте да ја користите.
Целата содржина на оваа веб страна е интелектуална сопственост на МИ ПРЕМИУМ ШОП ДООЕЛ и/или нашите добавувчи вклучувајки, но не ограничувајки се на дизајнот, информациите, формата, сликите, изгледот и се заштитен и со авторско права и сродните права. Можете да правите преглед, печатење единствено за лична некомерцијална употреба.
Се залагаме за точност на информациите објавени на www.xiaomistore.mk , но можни се пропусти во информирањето во зависност од изворот на информациите.
Секаде каде постои соодветна терминологија на македонски јазик и не постои можност од погрешна интерпретација на информациите при превод во македонски јазик, информациите ке бидат објавени на македонски јазик.
Го задржуваме правото за објавување на информации на англиски јазик.
Услови и правила за купување
Цените за производите на www.xiaomistore.mk се изразени во денари со вклучен данок на додадена вредност.
Го задржуваме правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците.
Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена.
Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Го задржуваме правоте на промена на цените без претходна најава и известување.
Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од малопродажните цени во малопродажните објекти,
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на www.xiaomistore.mk.
Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката.
При евентуални технички проблеми со интернет страната, www.xiaomistore.mk има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.