Начин на испорака

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка и на начин кој го одбрал при самото вршење на нарачката. При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое не е наведено во порачката, но го прима производот на наведената адреса при извршување на нарачката. При достава на производите на купувачот/трето лице ќе му биде доставена фактура/испратница со други пропратни документи кои го следат производот (гарантен лист, упатство за употреба и оддржување, декларација итн.) кои опционално ќе бидат истакнати на самата амбалажа или пак спакувани во самиот производ.

При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостиг на некој дел доколку производот е составен од повеќе делови. Доколку се констатира некој од предходно наведените недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација. Пред испорака на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран за часот и денот на испорака. Испорака на производите се врши исклучиво на територијата на Република Македонија.

Испораката на територија на Скопје се врши во рок од два до пет работни дена, а испораката на територијата на Република Македонија до пет работни дена, сметано од моментот на потврдата за извршената нарачка. По секоја направена нарачка, купувачот ќе добие потврда за успешноста на нарачката. Цената на испораката е бесплатна за нарачки над 2000 денари. За нарачки под 2000 денари цената на испораката изнесува 150 денари.

Доколку има доцнење на испораката МИ ПРЕМИУМ ШОП не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката. Во случај, кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, МИ ПРЕМИУМ ШОП не сноси одговорност.